- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Нов онлајн курс „Социјални медиуми за новинари“

Категории: Латинска Америка, Граѓански медиуми, Медиуми и новинарство

Најт-центарот за новинарство во Америките нуди нов масовен отворен онлајн курс насловен „Социјални медиуми за новинари: Основи (“Social Media for Journalists: The Basics” [1]). Овој бесплатен курс на англиски почнува на 3 февруари и трае до 9 март 2014.

Курсот на студентите ќе им даде преглед на користењето на социјалните медиуми во новинарството и најдобрите практики за пронаоѓање и дистрибуција на вести со овие алатки. Учесниците ќе научат за најдобрите новинарски употреби на професионални профили на Фејсбук и Твитер, каде да најдат извори и идеи за стории за социјалните медиуми, како да ги верификуваат информациите и други етички прашања, како да култивираат публика и бренд, како и како да развијат стратегија за содржини и да го мерат успехот на социјалните медиуми.

Кликнете тука [2] да се регистрирате.