- Global Voices на македонски - https://mk.globalvoices.org -

Тунис: Студент затворен поради интервју во медиумите

Категории: Среден Исток и Западна Африка, Тунис, Дигитален активизам, Медиуми и новинарство, Образование, Слобода на говор

Тунискиот студент Мохамед Соудани, 24, исчезна на 22 октомври 2009 година, во Тунис откако дал интервју за Радио Монте Карло Интернешнал и Радио Франс Интернешнал.

Соудани беше исчезнат 18 денови се додека полицијата не контактираше со неговата фамилија и им кажа дека тој е притворен во затворот Мурнагуја, 15 км оддалечен од главниот град на Тунис.

Според извори, полицијата исто така го информирала семејството дека тој бил суден и осуден за “нарушено однесување” за време на неговиот притвор без легален советник и е осуден на 4 месеци затвор. Исто така дознале дека тој ја обжалил казната.

За време на неговото појавување пред судот на 6 декември, Соудани ги негирал обвиненијата покренати против него и тврдел дека над него е вршена агресивна тортура за време на неговиот притвор. Неговиот адвокат побарал одложување со цел да го проучи случајот и ослободување со кауција.

Соудани бил интервјуиран за неговите поранешни активности како лидер на Студентската Унија на Тунис. Тој бил инволвиран во 56 дневниот штрајк со глад [1]заедно со уште 4 други студенти барајќи го правото да се вратат на училиште. Исто така и блогираа за нивните искуства во штрајкот со глад секој ден на блог [2] кој беше цензуриран во Тунис.

За поддршка на Мохамед Соудани и тешкотиите низ кои тој минува креирани се група на Facebook [3] и блог [4].